Работиме за поттикнување на младинските иницијативи, интеркултурното образование и активното граѓанско учество на младите луѓе во Македонија и Европа.
Формално и правно постоиме од 2021 година и сме составени од членови со долгогодишно искуство во граѓанскиот сектор. Преку семинари, работилници и настани стекнуваме знаења и добри практики за интеркултурно образование и разбирање на разликите во мултиетничкото општество.
Нови Зраци активно работи на програмата Erasmus+ од Европската унија. Успешно сме партиципирале на повеќе меѓународни проекти, размени и тренинг курсеви, градејќи мрежа на европски партнери.
Контактирај не и заедно ќе ја претвориме твојата иницијатива во реалност.
Нови Зраци е тука за тебе и твојата заедница.